Пожарот во Мармарис го предизвикале деца? Евакуирани и туристи, пожарникарите и понатаму се борат со стихијата

Точка

30/07/2021

11:17

5.320

Големина на фонт

а а а

Трет ден по ред, Турција се бори со страшните пожари што ги зафатија областите околу популарните одморалишта низ целата земја. Најжестоките борби се водат во Анталија и Мармарис, додека според последните информации пожарот кај Бодрум е локализиран.

Пожарот што избувнал во средата во близина на Анталија однел три животи, додека млад човек (25) загинал вчера во областа Мармарис додека им помагал на пожарникарите.


Несреќниот млад човек починал кога доживеал тешка сообраќајка со мотор додека ја напуштал загрозената област каде што им доставувал вода на пожарникарите. Бидејќи не можел да се движи поради повредите, пожарот го проголтал него и моторот.

Во моментов полицијата спроведува истрага за причините за пожарот во областа Мармарис, а според локалните медиуми, постои сомневање дека пожарот го предизвикале две деца на возраст од 8 и 10 години.


Пожарот избувнал во четвртокот околу 13 часот по локално време и поради силниот ветер, почнал брзо да се шири. Според „Hurriyet“, пожарот брзо се проширил во област со хотели, поради што некои туристи, претежно од Русија, биле евакуирани.

Пожарот зафатил покриви на 11 куќи и средни училишта во областа Икмелер, но пожарникарите успеале да спречат понатамошно ширење. Се стравувало дека пожарот ќе ја зафати бензинската пумпа, но пожарникарите успеале да го спречат во последен момент.


Хеликоптери постојано летале над Мармарис и доставувале илјадници литри вода до дрвјата кои гореле. Пожарникарите биле особено активни во областа со хотели, со цел да избегнат трагедија. Сепак, некои туристи побарале да бидат евакуирани, па биле пренесени со брод на друг дел од Мармарис, далеку од пожарот.

Се сомнева дека пожарот го предизвикале деца на возраст од 8 и 10 години. Според тројца сведоци, децата случајно запалиле оган за време на играта. Полицијата и понатаму ја спроведува истрагата и се очекува да бидат сослушани старателите на децата.


Медиумите пренесуваат дека досега евакуирале два хотели со три ѕвезди и четири вили како мерка за претпазливост. Некои гости од други хотели го напуштиле сместувањето по сопствена иницијатива. Засега нема информации дали има и наши граѓани меѓу тие туристи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг