Тогаш рече дека таа е принцеза и заслужува најдобро: Бен Афлек ја израдувал Џеј Ло со најбизарниот подарок во светот на славните

Точка

30/07/2021

21:00

15.463

Големина на фонт

а а а

Додека парот ужива во љубова речиси две децении откако првпат биле заедно, не можеме да не се сетиме на гестот на почетокот на 2000-те години, кој Бен Афлек го сметал за романтичен, а поголемиот дел од планетата, во најмала рака, необичен.

Еден од веројатно најпопуларните парови во историјата на шоу-бизнисот се Бен Афлек и пејачката и актерката Џенифер Лопез, чија врска го одбележа почетокот на 21-от век.


И додека денес светот повторно ја гледа нивната романса, често се присетуваме како сè изгледало во периодот од 2002-ра до 2004-та година, кога главните вести за познатите секојдневно беа токму за нив.

Бен и Џенифер биле неразделни, заедно снимиле два филмови, Бен се појавил во нејзиниот спот за песната „Jenny From the Block“, папараците ги следеле деноноќно, изгледале заљубено до уши, а биле и првите ѕвезди кои во медиумите добиле заеднички прекар - Бенифер.


Тие двајца уживале во моментите кои ги поминувале заедно, се смееле, се труделе да си го разубават секој ден еден со друг, но изгледа дека Бен сепак ја однел победата кога станува збор за подароците.

Имено, актерот во една прилика ја изненадил Џеј Ло со даска за ВЦ-школка опкружена со дијаманти.


„Џенифер е моја принцеза и заслужува само најдобро, дури и кога станува збор за купатилото“, наводно му рекол Афлек на еден пријател, додека американските медиуми тие денови пишувале 'За најубавиот задник на светот само најдобро'.

Затоа ја израдувал со даска за која издвоил околу 105.000 долари и била украсена со рубини, сафири, бисери и еден дијамант. Наводно самиот Бен ја дизајнирал, а не е познато што се случило со неа после ненадејното раскинување на свршувачката во 2004-та година.

Со оглед дека по нивното неодамнешно смирување дознавме дека Бен го чувал рачниот часовник што Џенифер му го подарила, не би се изненадиле ако споменатата даска сè уште се користи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг