Трагичен крај на херојски чин: Момче им помагало на пожарникарите во Турција, па паднало со мотоциклот

Точка

30/07/2021

10:34

5.009

Големина на фонт

а а а

Момчето доживеало тешка несреќа по враќањето и пожарот го проголтал неговиот мотоцикл.

25-годишниот Сахин Акдемир загинал во пожарот кој вчера го зафатил подрачјето на Мармарис во Турција. Сахин настрадал помагајќи им на пожарникарите кои се бореле со огнената стихија.

Несреќното момче, кога дознало дека пожарот неконтролирано се шири, седнало на својот мотоцикл и понело галони вода, а потоа истата им ја доставил на пожарникарите во загрозеното подрачје. За жал, кога Сахин тргнал да се враќа по уште вода доживеал несреќа и бидејќи бил тешко повреден, не успеал да се тргне од огнот и трагично настрадал. Како што наведуваат турските медиуми, пожарот го зафатил неговиот мотоцикл.

Пред трагедијата ова храбро момче на социјалните мрежи ги повикало пријателите да им помогнат на пожарникарите.

"Ве молам донесете вода, а ние продолжиме да им носиме вода на пожарникарите, Бог нека им е на помош", напишал во објавата на социјалните мрежи.

Потоа известувал каде се шири пожарот и објавувал фотографии од загрозеното подрачје, и натаму апелирајќи до граѓаните да носат вода.

Потсетуваме, Турција веќе трет ден се бори со страшните пожари во Анталија, Бодрум, Мармарис и на уште неколку локации, а животот го загубиле најмалку три лица.

Огнената стихија кај Бодрум е локализирана, додека пожарникарите деноноќно ги гасат пожарите на останатите подрачја. Во акцијата за гасење се вклучени повеќе од 20 летала и повеќе од 1.000 пожарникари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг