Џеф Безос со понуда која NASA не може да ја одбие: Најбогатиот човек на Земјата одлучен да ја освои Месечината

Точка

29/07/2021

19:32

5.707

Големина на фонт

а а а

Лунарното летало од компанијата „Blue Origin“ користи течен кислород.

Најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, ѝ понудил две милијарди долари на агенцијата NASA во замена за исклучпително важен договор.

Станува збор за проектот на идното лунарно летало кое би ги спуштало астронаутите на Месечината. Во април, работата ја добила „SpaceX“, но договорот бил стопиран поради протестите на конкуренцијата.


Да ве потсетиме, компанијата на Илон Маск во „џеб“ имала 2,9 милијарди долари благодарение на успесите на полето на вселенската технологија.

Напредна технологија

Во писмото до администраторот на NASA Бил Нелсон, Безос вели дека „Blue Origin“ ќе го надмине недостатокот на буџетското финансирање со откажување од плаќањата во тековната фискална година на владата и следните години се до 2 милијарди долари и ќе плати за орбитална мисија за проверка на својата технологија. Во замена, „Blue Origin“ би прифатил договор со фиксна цена и ќе ги покрие сите поголеми трошоци за развој на системот, изјавил Безос, пренесува „BBC“.


Милијардерот истакнал дека нивното лунарно летало ќе користи течен кислород кој би можел да се произведува и на површината на Месечината. Ваквата технологија е дел од долгорочните планови на NASA и програмот Artemis.




Спонзорирани линкови

Маркетинг