Австралиска кајакарка со помош на кондом го поправи својот кајак и освои бронзен медал во Токио

Точка

29/07/2021

19:19

6.034

Големина на фонт

а а а

Австралиската кајакарка, Џесика Фокс освоила бронзен медал на Олимписките игри во Токио и таа вест не би била премногу популарна доколку не дошло до употреба на кондом.

Имено, пред настапот во финалето воочила дека нејзиниот кајак е оштетен, па морала да импровизира за да го "закрпи". Во сторито објавено на Инстаграм таа ја објаснила постапката.

"Се обложувам дека не знаевте дека кондомите можат да се користат за поправка на кајак", напишала на снимката на која е прикажано како го става кондомот преку оштетениот дел.

"Многу е растеглив и силен", додала таа.

На крајот, Фокс успела да освои бронзен медал, откако слалом во кану за првпат било воведено како олимписка дисциплина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг