Принцезата Дајана преживеала пекол на својата венчавка: „Постојано ми беше во мислите Камила, ја видов кога сè беше готово“

Точка

29/07/2021

18:24

11.783

Големина на фонт

а а а

Покојната принцеза Дајана и принцот Чарлс се венчале на 29 јули 1981 година и тој датум е многу важен за британското кралско семејство.

Да останеа во брак и принцезата Дајана да беше жива, денеска би славеле 40 години од бракот.

Многу се зборуваше и пишуваше за таа гламурозна венчавка, а малкумина знаат што навистина се случувало пред и по церемонијата.


Дајана и Чарлс своите завети ги изговориле во катедралата Св. Павле во Лондон. Таа се венчала на 20 години, додека пак младоженецот имал 33 години.

Дајана зборувала за тоа какви маки имала пред венчавката, а бројни детали сведочат за тоа како се чувствувала кога тој ден го изговорила судбоносното „да“.


„Два дена претходно имавме генерална проба и беа запалени сите светла во катедралата. Тогаш сфатив како ќе изгледа тој ден и почнав да паничам. Камила ми беше во мислите постојано“, раскажала покојната принцеза своевремено.

Камила Паркер постојано била во мислите на девојчето кое стана принцеза и тој ден се венчало. Не можело да престане да мисли на тоа дека нејзиниот иден сопруг всушност ја сака таа жена.


„Се обидував да бидам зрела, но не можев да престанам да мислам на неговата афера со Камила. Немав со кој да разговарам. Вечерта пред венчавката имав стравотен напад на булимија. Јадев сè што ќе најдев во куќата каде спиев со сестра ми. И сето тоа го повратив. Додека одев до олтарот, со поглед ја барав Камила. Знаев дека е тука. Ја видов додека се враќав, кога сè беше готово“, раскажала Лејди Ди.

Камила тој ден носела бела облека, а сите знаеме дека тоа е недопустливо да се направи на туѓа венчавка. Сигурно и таа го знаела тоа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг