Вил Смит во новиот филм "King Richard" ја игра улогата на таткото на двете најпознати тенисерки

Точка

29/07/2021

17:00

3.215

Големина на фонт

а а а

Во новиот филм "King Richard", Вил Смит се појавува во улогата на Ричард Вилијамс, таткото на легендарните тенисерки, Венус и Серена Вилијамс, кој со својот неконвенционален метод на тренинг и воспитување одигра клучна улога во нивниот успех.

Во филмот се разработува приказната за неконвенционалните методи кои ги применувал додека ги тренирал своите ќерки, Венус и Серена, како од Комптон стигнале во Калифорнија за да бидат глобални тениски ѕвезди.

Во еден момент од филмот се прикажува сцената кога Ричард ги запознава со тенисерскиот тренер, Пол Коен, кој работел со Џон Мекенро.


Двете талентирани сестри продолжуваат да воодушевуваат со своите вештини и така го започнуваат нивниот пат до тениска бесмртност.

"Овој свет никогаш не го почитувал Ричард Вилијамс", вели Ричард во трејлерот и им додава на ќерките: "Но, ќе ве почитуваат вас".

"King Richard" во кино салите во САД ќе се емитува на 19 ноември, за HBO ќе биде достапен 31 ден после прикажувањето во кино.



Спонзорирани линкови

Маркетинг