Се продава парче торта од венчавката на Дајана и Чарлс, старо 40 години

Точка

29/07/2021

15:34

25.643

Големина на фонт

а а а

Парче од свадбената торта на принцот и принцезата од Велс ќе се најде на аукција по 40 години од нивното судбоносно „да“.

Денеска се одбележува годишнината од кралската венчавка од бајките, кога наследникот на британската круна се ожени со срамежливата 20-годишна Дајана Спенсер, на 29-ти јули 1981 година во лондонската катедрала Свети Павле.

Но, нивната брачна среќа не траеше долго. Принцот Чарлс и принцезата Дајана се разделија 11 години подоцна, во 1992 година, а официјално се разведоа во 1996 година.

Сега на аукција ќе се најде парче од една од 23-те официјални свадбени торти, а истото се состои од глазура и подлога од марципан и шеќерен прелив од кралскиот грб во златна, црвена, сина и сребрена боја.


Парчето го добила Мојра Смит, член на семејството на мајката на кралицата во Кларенс Хаус, која го зачувала преливот со проѕирна фолија. Таа го чувала во стар цветен калап за торта и на капакот ја залепила рачно изработената етикета со натпис: „Внимателно постапувајте – свадбена торта на принцот Чарлс и принцезата Дијана“, која ја потпишала и ѝ ставила датум.


Семејството Смит го продало парчето торта во 2008 година на еден колекционер, но тоа повторно се појави сега на аукција која се совпаѓа со 40-годишнината од кралската венчавка, а се предвидува дека истото ќе достигне цена до 500 фунти.

„Изгледа дека парчето торта е во потполно иста добра состојба како и кога првично било продадено, но ве советуваме да не го јадете“, изјавил Крис Албари, аукционер и висок проценител на аукциската куќа „Dominic Winter Auctioneers“ во Сајренсестер, Глостершајр.



Спонзорирани линкови

Маркетинг