Награда наместо казна: Направиле сообраќаен прекршок, а полицијата им донирала ваучери

Точка

29/07/2021

12:39

20.881

Големина на фонт

а а а

Веројатно сте забележале дека значаен број автомобили на нашите патишта имаат неисправни фарови или стоп светла, што може да биде многу опасно, особено во услови на ноќно возење.

Доколку сообраќаец ве застане поради овој проблем, голема е веројатноста дека ќе ви напише казна.

Слично е и во САД, па затоа многу возачи од Денвер, чии автомобили имаат неисправни светла, останале изненадени кога полицијата наместо казна, им доделила ваучери во вредност од 25 долари за замена на прегорените светла на возилото.


Како што наведуваат локалните медиуми, оваа акција била спроведена во соработка со компанија која се занимава со продажба на авто-делови и која донирала 100 ваучери за купување во своите продажни објекти.

Целта е наместо казна, возачите да се стимулираат да ја поправат светлосната сигнализација на своите возила, за да се зголеми безбедноста во сообраќајот на подрачјето на градот Денвер, Колорадо.

Би било интересно да се видат резултатите од оваа акција, односно колку возачи навистина ќе ги искористат добиените ваучери за замена на светлата. Доколку резултатот е позитивен, тоа би можело да поттикне слични акции кои имаат за цел зголемување на безбедноста на патиштата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг