Огромен шумски пожар кај Анталија: Хотелите немаат вода и струја, евакуацијата е во тек

Точка

28/07/2021

15:32

2.922

Големина на фонт

а а а

Во близина на Анталија во околу 12 часот по наше време избил шумски пожар.

Пожарот избил во шума во близина на Анталија, а во хотелите во туристичките места нема ни струја ни вода.

Две села целосно изгореле, а како што пренесуваат медиумите, евакуацијата на населението е во тек.

Се уште не се знае дали има жртви.

Огнот и натаму се шири и покрај тоа што пожарникарите неуморно се обидуваат со хеликоптери да го стават пожарот под контрола.



Спонзорирани линкови

Маркетинг