"Ги мијам само пазувите и меѓуножјето": Холивудскиот пар ја шокира јавноста со рутината за лична хигиена

Точка

28/07/2021

20:00

7.733

Големина на фонт

а а а

Актерскиот пар, Мила Кунис и Ештон Качер гостувале во еден подкаст и со својата изјава за одржување на лична хигиена ја шокирале цела јавност.

Откако Моника Падман, која е домаќин на подкастот, констатирала дека секојдневната употреба на сапун може да ја направи кожата посува, Ештон и Мила истакнале дека се согласуваат со неа и дека во нивната куќа секој ден се пери само она што мора.


"Немав топла вода додека растев, па секако не се туширав многу често", рекла Кунис и додала дека нивните деца, Вајат и Димитри не се од децата кои редовно се капат.

"Не бев родителот кој го капеше новороденчето секој ден, никогаш", додала таа.


Нејзиниот сопруг истакнал дека на тој начин воспоставиле "систем" за нивните деца.

Исто така додал дека секој ден ги мие "пазувите и меѓуножјето и ништо друго", како и тоа дека се тушира после тренинг.




Спонзорирани линкови

Маркетинг