Алаба изваден од тренинг поради неочекуван проблем

Дерби

28/07/2021

14:44

1.428

Големина на фонт

а а а

Давид Алаба засега е единсвеното засилување кое го доведе Реал Мадрид за новата натпреварувачка сезона, но Австриецот кој напорно работеше со првиот тим во изминатите неколку дена, сега ќе мора да оди на неочекувана и принудна пауза.

Дефанзивецот бил повлечен од тренингот на Реал Мадрид поради сомнителен тест на Ковид 19 кој не дал баш најдобри резултати, поради што со лекарска придружба бил испратен во болница за да му биде направен ПЦР тест.

Реал Мадрид презема најстроги мерки и врз играчите прави антигенски тест, серолошки тест и ПЦР тест, а овој последниот покажал дека новото засилување е позитивно на Ковид 19.

Поради тоа, Алаба е испратен во 10-дневен карантин и ќе прескокне важен дел од подготовките за новата сезона, нешто што веќе му се случи на Карим Бензема кој поради позитивен тест во Лион, го одложи враќањето во Мадрид.

– Реал Мадрид соопштува дека нашиот фудбалер Давид Алаба доби позитивен тест на Ковид 19, – гласи краткото соопштение на „кралевите“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг