Во Токио нов највисок дневен број на заразени со Ковид-19 од почетокот на пандемијата

Точка

28/07/2021

14:59

1.823

Големина на фонт

а а а

Домаќинот на Олимписките игри, градот Токио, денеска забележал највисок дневен број на случаи на коронавирус од избивањето на пандемијата, со број на новозаразени кој надминува 3.000.

Претходниот рекорд беше забележан вчера, кога беа утврдени 2.848 случаи на коронавирус и покрај вонредната состојба во Токио и околните провинции, воведена поради спречување на ширењето на вирусот.

До пораст на бројот на инфекции доаѓа во период кога Токио е домаќин на Олимписките и Параолимписките игри под строги епидемиолошки мерки, но заразата се шири и помеѓу службениците и спортистите.


Денеска помеѓу олимпискиот персонал се забележани најмалку 16 случаи на коронавирус, а помеѓу заразените нема спортисти. Досега се забележани вкупно 169 случаи на Ковид-19.

Во покраините Токио, Канагава и Чиба се бележи пораст на бројот на случаи на Ковид-19 поради делта сојот. Провинциите Канагава, Саитама и Чиба размислуваат да побараат од централната влада проширување на вонредната состојба во овие области поради се поголемиот број на заразени.

Претходно експертите предупредија дека делта сојот, кој за првпат беше откриен во Индија, може да предизвика алармантен бран со пик околу 3-ти август, 5 дена пред крајот на ОИ.

Од почетокот на пандемијата во Јапонија се забележани 875.506 случаи на коронавирус и 15.137 смртни случаи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг