4 реченици кои ќе го повредат секој маж: Ако ги изговорите никогаш нема да ви простат

Точка

28/07/2021

19:19

21.563

Големина на фонт

а а а

Кога станува збор за машко-женските односи постојат правила кои треба да се почитуваат, доколку не сакате да повредите нечии чувства. Мажите се сметаат за посилен пол, но постојат неколку работи кои и нив можат да ги повредат.

Добро размислете пред да им кажете нешто, особено ако сметате дека тоа може да ги навреди, бидејќи мажите нема секогаш да покажат дека се повредени, а овие реченици никогаш не треба да ги изговорите дури и кога сте "најбесни".

1. "Ти си мамин син"

Оваа реченица не треба да ја изговарате бидејќи таа жена го родила, хранела и израснала. Мажите се многу чувствителни за мајките и сакаат да слушаат само убави работи за нив и нивниот однос.


2. "Мора да зборуваме"

Штом ги слушнат овие зборови, мажите веднаш ги фаќа паника и во главата го смислуваат најлошото сценарио. Доколку постои некој проблем, тогаш треба да разговарате за тоа, инаку никогаш не би го решиле.

3. "Твоите пријатели се многу досадни"

Поголемиот дел од жените не се воодушевени од друштвата на мажите, бидејќи мислат дека лошо влијаат врз него. Ако не ви се допаѓаат и тоа му го кажете, тогаш може да настане голем проблем.


4. "Мојот поранешен партнер тоа подобро ќе го направеше"

Сосема е погрешно да го спомнете поранешното момче или да го споредувате. Тоа што правел поранешниот партнер или не правел сега не е важно. Сегашниот партнер има свои доблести кои ве привлекле и фокусирајте се на нив.



Спонзорирани линкови

Маркетинг