Експремиерот Никола Груевски регистрирал фирма во Унгарија за бизнис консалтинг и продажба на порцелан и средства за чистење

Точка

28/07/2021

14:26

5.529

Големина на фонт

а а а

Поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски, на 15-ти јули оваа година регистрирал компанија во Унгарија, објавил порталот "24.hu".

Компанијата која ја регистрирал ек-премиерот се вика "ИЦИЦ" и нејзиното седиште е во Пецел.

Како главни дејности на компанијата се наведени бизнис менаџмент и бизнис консалтинг, но и продажба на порцелан, средства за чистење, организација на конференции и друго.


Регистрацијата на фирмата со сите овие трговски можности го чинела Груевски точно три милиони унгарски форинти или 8.350 евра.

Порталот "24.hu" пишува дека во Унгарија имало многу реакции од опозицијата за тоа што точно прави Груевски во таа земја, а досега единственото нешто што било официјално соопштено е дека бил ангажиран од Министерството за надворешни работи на Унгарија како советник за Западен Балкан.


Унгарскиот портал потсетува и дека Груевски заедно со словенечкиот премиер Јанез Јанша и унгарскиот премиер Виктор Орбан се членови на таканареченото "Охридско Трио" кое се сретна во 2017-та година во Скопје. Орбан имал најдобри односи со овие двајца политичари од екс-ју земјите, иако има одлични односи и со Александар Вучиќ.

Потсетуваме, Груевски избега до Македонија на 11-ти ноември 2018-та година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг