На оваа необична убавица денес сите ѝ се восхитуваат, но поради својот здравствен проблем низ животот се соочила со тешки моменти

Точка

28/07/2021

15:10

5.281

Големина на фонт

а а а

Манекенката Вини Харлоу ги краси насловните страници од бројни угледни модни магазини, а исто така се појавува и на ревии на познати светски брендови, но поради состојбата со својата кожа не ѝ било лесно во текот на животот.

Вини Харлоу, чие име е Шантел Браун-Јанг, денес е успешна манекенка, а јавноста ја запознала во 2014 година во шоуто „America's Next Top Model“.

Нејзе ја открила Тејта Бенкс и тоа преку социјалната мрежа Инстаграм.


Денес таа има деловни понуди од сите страни, но на почеток не било баш толку лесно.

Една од причините за тоа била поради тоа што манекенката боледува од витилиго, состојба која предизвикува депигментација на делови на кожата.

Имено, кожата губи меланин, пигментот кој ја одредува бојата на кожата, косата и очите. Се јавува кога клетките кои произведуваат меланин умираат или повеќе не го произведуваат, што предизвикува појава на бели дамки со неправилен облик на кожата.


Витилигото ѝ го откриле кога имала само четири години, а поради својата состојба често колегите ја напаѓале во основно и средно училиште.

Токму поради малтретирањето го променила училиштето неколку пати, а колегите ја довеле до раб на депресија, а исто така се обидела да си го одземе животот.


Без оглед на тоа што речиси целото тело ѝ е покриено со бели дамки, оваа 27-годишна девојка зрачи со самодоверба и поради тоа е пример за многу од девојките, а може да се пофали и со титулата ангел на „Викторија Сикрет“.

Таа учествувала на ревии на многу од познатите дизајнери, а денес често гостува во кампањите против насилство. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг