Стар јапонски тест со 3 ѕвезди ги открива тајните на вашата потсвест: Дознајте од што мора да се ослободите за да живеете среќно

Точка

28/07/2021

14:15

5.860

Големина на фонт

а а а

За стариот јапонски тест со 3 ѕвезди се верува дека ја одредува општата состојба на личноста, но и предвидува што може да ве очекува во иднина. Врз основа на цртање на 3 ѕвезди на лист хартија се одредува моменталниот главен аспект од животот на личноста.

За овој тест ви се потребни пенкало и лист хартија. Првиот чекор е да нацртате 3 ѕвезди со различни големини - првата нека биде најголема, втората средна, а третата најмала. Затворете ги очите и замислете ги сите работи во животот кои ве радуваат, а потоа размислете и за работите кои моментално ве оптоваруваат.

Отворете ги очите и без многу размислување, на прв поглед исенчајте или обоете една ѕвезда. Ѕвездата која сте ја обоиле ја открива вашата главна моментална преокупација во животот. Ова се резултатите:

Ако сте ја обоиле првата, најголема ѕвезда

Оваа ѕвезда ги симболизира вашите обврски и задачи и наговестува дека постојат некои нерешени работи од минатото кои ве оптоваруваат и кои треба да ги решите. Ослободете се од тој товар и пред да започнете нешто ново, најпрвин оставете ги чисти и уредни нештата од претходно. Дури тогаш ќе можете да го исполните она што го сакате со својот полн капацитет.


Ако сте ја обоиле ѕвездата со средна големина

Ова укажува на вашата состојба на потсвесно ниво. Време е да се ослободите од сета негативна енергија која сте ја потиснале. Во животот ве очекуваат разни промени и нови предизвици, но емотивниот товар кој го носите на душата ве обесхрабрува. Подгответе се за животни промени така што низ разговори, медитација, физичка активност, престој во природа или консултација со психолог ќе ги отфрлите сите непријатни чувства.

Ако сте ја обоиле најмалата, трета ѕвезда

Укажува на интензивни емоции. Склони сте да „избувнете“ во секунда, а дополнителниот стрес ништо не решава. Поради импулсивноста често се случуваат конфликти. Обидете се да ги контролирате своите емоции и пронајдете одговарачки канал кој ќе ви помогне да се насочите кон добрите работи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг