Светскиот ден на хепатитис се одбележува секоја година на 28 јули со цел да се зголеми свеста за вирусниот хепатитис, воспалување на црниот дроб кое предизвикува низа здравствени проблеми, вклучувајќи и рак на црниот дроб.
"Хепатитисот не може да чека!", е слоганот на овогодинешната кампања на Светската здравствена организација и Светскиот сојуз за хепатитис, кој ја нагласува потребата за забрзан процес и напор за елиминација на хепатитисот, кои биле забавени поради пандемијата со Ковид-19.
Постојат пет главни слоеви на вирусот, хепатитис А, Б, Ц, Д и Е. Хепатитис Б и Ц се најчести причини за смрт, а 1,4 милиони животи згаснуваат секоја година. Насред пандемијата со Ковид-19, вирусниот хепатитис и понатаму одзема животи секој ден.
"Активностите кои придонесуваат за елиминација на оваа болест е подигнувањето на свеста на граѓаните, едукација и информирање, тестирање и своевремено дијагностицирање, лекување, превенција со редовно вакцинирање за хепатитис Б. Да се осигура квалитетот на крвта и крвните деривати во системот за здравствена заштита и превенција од користење на дрога", истакнуваат од Институтот за здравје, Зеница.
СЗО ги повикува сите земји заеднички да работат на отстранување на вирусниот хепатитис кој ќе стане закана по јавното здравје до 2030 година. Сите новороденчиња треба да бидат вакцинирани против Хепатитис Б, при што следуваат дополните две дози. Сите бремени жени треба рутински да се тестираат на Хепатитис Б, ХИВ и сифилис.
Вирусниот хепатитис е осмиот светски убиец, односно од овој вирус умираат повеќе лица отколку од ХИВ, туберколоза или маларија. Хепатитисот е вирусно заболување на црниот дроб кое доведува до уништување на неговите ќелии (хепатоцитите). Сите хепатитиси се разликуваат по начинот на кој се пренесени, инкубацијата, тежината на болеста, можност за премин во хронично воспаление така наречен хроничен хепатитис и да се развие тешка компликација како што е цирозата или карцином.
"Хепатитс Ц може да се излечи, за Б постои вакцина. Поради тоа со овогодинешната кампања сакаме да им нагласиме на лицата кои живеат со вирусен хепатитис, а да не се свесни за тоа, не смеат да чекаат за тестирање".