Каније со месеци живее на стадион: Импровизираната соблекувална на Вест потсетува на затворска ќелија!

Супермен

28/07/2021

11:34

5.726

Големина на фонт

а а а

Раперот и дизајнер, Каније Вест, не престанува да ја шокира јавноста и фановите.

Секојдневно сè повеќе изненадува, а новиот потег на Вест буквално сите ги оставил без текст.

Па така, сега во јавноста исплива информација дека додека работи на својот нов студиски албум „Donda“, живее на стадионот во Атланта, Џорџија, каде пред неколку дена била одржана и забава по повод преслушувањето на новиот албум.

Тој и понатаму живее на споменатиот стадион, каде една од соблекувалните му е претворена во соба. Причината за овој неочекуван потег е фактот дека го поместил датумот за објавувањето на албумот за 6-ти август.

Оваа вест ја потврдил и самиот рапер, кој на неговиот Инстаграм профил објавил фотографија од една соблекувална, која е претворена во негова спална соба. Во неа Вест има свој кревет, основна гардероба и неколку пара чевли од својата колекција „Yeezy“.

„Каков уметник! Целосно се посветил на албумот, не сака никој да му пречи“, „Оваа соба на Каније е како затворска ќелија“, се само некои од коментарите на фановите на Вест, кои не можат да го дочекаат новиот албум на раперот, кој добил назив по неговата покојна мајка. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk