Дрим-тимот се налути: Иран го наплати долгот за болниот пораз од Франција

Дерби

28/07/2021

11:28

3.524

Големина на фонт

а а а

Селекцијта на Иран го плати данокот за стартниот пораз на Америка на Олимписките игри во Токио, бидејќи „дрим-тимот“ кој беше видно лут, сиот свој бес го истури врз далеку послабиот противник.

Избраниците на Грег Попович беа како ранети лавови по тешкиот пораз од Франција на отворањето на олимпискиот турнир, па уште на стартот јасно ставија до знаење дека нема да им дадат никаква шанса на Иранците.

Американците на крајот победија со 120:66 и ја запишаа првата победа на турнирот во Токио, нешто што можеше да се насети уште во првото полувреме кое заврши со резултат 60:30.

Демјан Лилард со 21 поен беше најефикасен на паркетот, Букер уфрли 16, а Тејтум имаше два поени помалку. Во противничкиот табор, Хамдади и Јамшиди имаа по 14 поени зад своите имиња.

Во првиот натпревар на програмата денеска, Германија успеа да ја победи Нигерија во тесен меч со 99:92.



Спонзорирани линкови

Маркетинг