Пациент вакциниран со две дози на „Синофарм“ починал од коронавирус во тетовската болница

Точка

28/07/2021

11:12

4.772

Големина на фонт

а а а

Во Клиничката болница во Тетово вчера починал 62-годишен пациент кој бил заболен од коронавирус, иако претходно имал примено две дози од вакцината на „Синофарм“.

Раководителот на ковид-центарот во Тетово, д-р Гзим Нуредини, во изјава за „Телма“ вели дека станува збор за човек кој имал три потешки хронични болести и дека поради тоа најверојатно не создал имунитет против Ковид-19.

„Се работи за пациент на 62-годишна возраст, кој имал хронична бубрежна инсуфициенција, висок крвен притисок и кардиомиопатија. Бил вакциниран на 6-ти јули со „Синофарм“ и бил примен кај нас со тешка клиничка слика и поради и други коморбидитети, пациентот почина. По вакцинирањето секако може да се случи инфекција и при формирање на имуниот одговор на вакцинацијата можеби имунолошката одбрана не била комплетна или пак, кај пациентот заради овие хронични болести не можел да се креира имун систем против Ковид-19. Но, тоа не треба да биде демотивирачко за населението, се уште важи тоа дека е најдобро да се вакцинираат“, вели Нуредини.




Спонзорирани линкови

Маркетинг