Некои жолтеникави или портокалови тонови можат да го расипат впечатокот кога сакаме косата да изгледа совршено. Тогаш на сцена настапува виолетов шампон!
Платинестата руса коса е сон на многу жени, но некои жолти или портокалови тонови можат да бидат иритирачки и да го расипат впечатокот. Сепак, решението е крајно едноставно.
Секогаш можете да пробате виолетов шампон, кој содржи одредена количина индиго пигмент, во зависност од производот. Дури и мала количина на оваа нијанса им помага на русокосите да го обојат тонот што го сакаат.
Ја осветлува косата и ѝ го дава токму посакуваниот, поладен тон.
Не мора да одите на фризер. Прво, нанесете го овој шампон на вашата коса, истријте и исплакнете. Второто нанесување е важно: оставете го да делува околу 5 минути. Следете ги упатствата на пакувањето доколку се различни. Исплакнете.
И бринетите можат да го користат овој шампон, но оние посветлите. Ако имате темно кафеава боја, овој шампон не е соодветен за вас.
Не го користете често, туку еднаш неделно или еднаш во десет дена. Лошото кај овој шампон е тоа што ја суши вашата коса, па затоа внимавајте длабоко да ја хидрирате.