Русокоси, заборавете на оштетената коса: Природна маска која длабински го храни влакното

Точка

27/07/2021

16:32

3.049

Големина на фонт

а а а

Дамите кои ѝ се верни на русата коса се свесни за напорите кои мораaт да ги вложат за таа секогаш да биде здрава, сјајна и свиленкаста.

Во тоа може да ви помогне оваа природна маска чии состојки можете да ги пронајдете во својата кујна.

Дури и вашата коса да не е премногу оштетена, сепак ѝ е потребна хидратација за време на летниот период. Ова е особено задолжително ако сакате вашата платинесто руса коса да изгледа привлечно.

Маската за коса која се подготвува од само 5 состојки длабински ќе го потхрани влакното и ќе го направи меко и сјајно.


Потребни состојки:

- 3 лажички бадемово масло
- 2 белки
- 1 лажичка рицинусово масло
- 1 лажичка мед
- неколку капки лимон

Постапка:

Помешајте ги состојките и со помош на четка за фарбање на коса рамномерно распределете ја по должината на влакното, задржувајќи се на врвовите. Оставете ја маската околу половина час, а потоа измијте ја со шампон на природна база. Постапката повторувајте ја еднаш неделно за најдобри резултати.



Спонзорирани линкови

Маркетинг