Побегнала од родната земја, стана жена на која ѝ се восхитува цел свет: Животната приказна на Амал Клуни

Точка

27/07/2021

16:20

10.496

Големина на фонт

а а а

Амал Клуни е една од најмоќните и најценетите меѓународни адвокати за човекови права на светот. Покрај тоа, таа му е сопруга на еден од најзгодните актери и режисери, Џорџ Клуни.

Клуни е можеби и едно од најголемите имиња во Холивуд, но Амал поради тоа не станала нималку како 'степфордските' сопруги. Или жена трофеј.


Оние кои приватно ја познаваат успешната Британка, велат дека се работи за жена со неверојатен интелект и елеганција. За своето знаење освоила „Shrigley Award“ на Универзитетот Оксфорд и „Jack Katz Memorial Award“ на Правниот факултет во Њујорк, каде што и се школувала.

Воедно, во 2013-та година била избрана за најзгодна правничка во Лондон. Либанската убавица, која медиумите едно време ја нарекуваа двојничка на актерката Ен Хатавеј, многу се разликува од досегашните девојки на Клуни, кои воглавно биле супермодели и актерки.

Нејзината кариера е комбинација на хуманитарното право и меѓународната политика, а 43-годишната Амал има импресивна биографија. Таа има работено во неколку комисии на ООН, предавала на неколку универзитети, како штосе „The Hague Academy“ и „The New School in New York“. Течно зборува англиски, француски и арапски, а ја напишала и книгата „The Special Tribunal of Lebanon“. Во кариерата застапувала голем број познати имиња, а импресивната листа на клиенти ги вклучува и поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко, како и основачот на „Викиликс“, Џулиен Асанж. Денес е посветена мајка и сопруга и една од ретките жени кои може да се пофалат со фактот дека до 40-та година оствариле многу повеќе од многумина кои тоа не би го исполниле ниту за цел живот.


Амал е родена на 3-ти февруари, 1978-ма година во Бејрут, главниот град на Либан. Потекнува од влијателно либанско семејство интелектуалци. Нејзиниот дедо бил министер во владата, а нејзиниот татко, Рамси Аламудин, по потекло од градот Баклина, предградие на Бејрут, работел како професор по деловни студии на Американскиот универзитет во Бејрут пред да се пензионира. Воедно е автор на голем број стручна литература. Мајката Барија Микнас имала успешна новинарска кариера, работела за влијателни блискоисточни весници и телевизиски емисии. Денес е вработена како дописник и уредник во весникот „Al-Hayat“, за кој интервјуирала голем број регионални лидери. Барија исто така била голема убавица кога била млада, ја нарекувале либанската Лиз Тејлор. Но, кога војната ја зафатила областа во 1982-ра година, семејството било принудено да побегне.

Амал имала само две години кога нејзините родители се преселиле во Англија со неа, помладата сестра Талија и браќата Самер и Зиад. Токму ова е една од причините зошто успешната бринета ги разбира проблемите со денешните бегалци. Кога таа и Џорџ се сретнале со сириските бегалци во Берлин, таа им рекла: „Моето семејство исто така побегнало од војна и сме имале среќа што, во 1982-ра година, кога насилството го достигнало врвот, сме биле прифатени од европска земја“.


Во Англија завршила основно и средно образование, а студирала право на „St. Hugh’s College“, на Оксфорд. Го продолжила своето образование и се стекнала со титулата Магистер по закони на „NYU“ во Њујорк.

По дипломирањето, работела за Сонија Сотомајор, судија на американскиот Врховен суд. Кога се вратила во 2010-та година во Англија, започнала стажирање во лондонската канцеларија „Doughty Street Chambers“, каде подоцна и ја вработиле. Со текот на времето станала една од најпознатите правнички за човекови права. Освен Тимошенко и Асанж, Амал ја застапувала и Ерменија во обидите да докаже геноцид над нејзините жители од јазидска националност, верско малцинство на Блискиот исток, над кое „ИСИС“ изврши геноцид. Во една прилика признала дека ако сирискиот претседател Башар ал-Садад некогаш биде гонет за воени злосторства, таа со задоволство би работела на тој случај.

„Мислам дека ООН заклучија дека сириската влада изврши војна, но и злосторства против човештвото. Но, тие не се единствени, има и други актери кои извршиле идентично злосторства“, истакнала Амал, која и покрај импресивната кариера, славата ја стекнала благодарение на љубовниот жиот.

Но, дури и тоа не е толку тривијално и бизарно, ако земеме предвид дека таа е единствената жена која успеа да го скроти еден од најпосакуваните ергени на светот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг