5 намирници кои треба да ги јадете за појадок: Даваат енергија, го намалуваат нивото на холестерол и го чуваат срцето

Точка

27/07/2021

15:29

8.090

Големина на фонт

а а а

Појадокот е оброк со кој го започнуваме денот и е многу важно што од намирници прво ќе изедеме.

Појадокот важи за најважниот оброк во текот на денот, па поради тоа важно е што прво ќе јадеме.

Како што препорачуваат експертите за исхрана, за прв оброк треба да избегнувате слатка храна и намирници полни со шеќер.

Шеќерите ја намалуваат енергијата, па поради тоа треба да ги избегнувате наутро.

Намирници со кои треба да го започнете денот:

1. Овес


Овесот е житарка полна со растителни влакна и белковини на растителна база, како и витамин Б и минерали вклучувајќи го и грозјето, калциумот и магнезиумот. Покрај тоа благодарение на бета-глуканот тој се поврзува и со намалување на ризикот од срцеви болести, а докажано е дека влијае во намалување на лошиот холестерол.

2. Јајца


Оваа намирница е полна со витамин А, Д и Б12. Јајцата се хранливи намирници. Две јајца содржат повеќе од 50 отсто витамин холин кој ни е потребен во текот на денот, а кој влијае на помнењето, расположението и контролата на мускулите.

3. Семки


Сусам, чија, сончоглед, семки од тиква - се семките кои може да ги додавате во житарките, смутито, па дури и во печивата. Тие содржат протеини, цинк, магнезиум, железо и калциум. Исто така содржат растителни влакна кои помагаат при лошиот холестерол, а истовремено го зголемуваат добриот холестерол.

4. Грчки јогурт


Обичниот јогурт е полн со калциум и пробиотици, но доколку сакате слатки работи за појадок тогаш јогуртот додадете го во овошјето. Грчкиот јогурт често е збогатен и со витамин Д.

5. Банани


Бананите се идеални за почеток на денот поради тоа што даваат чувство на ситост, а полни се со фолати и Б витамин кои помагаат во произведување на серотонин кој влијае во подобрување на расположението. Ова овошје исто така помага и во намалувањето на холестеролот и спречува затнување на артериите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг