Татко и пол: Кога мама ќе праша што прават, тој ѝ испраќа фотографии од нивните деца во „опасност“

Точка

27/07/2021

12:33

7.033

Големина на фонт

а а а

Кени Дус е татко на двајца синови кој знае како да се забавува. Кога неговата сопруга ќе му испрати порака да праша како се и што прават, тој со помош на Фотошоп создава фотографии од незгоди, скокања од кров, опивања...

Сите во животот познаваме некој човек кој е како создаден за улогата на најдобар татко на светот или е татко кој е секогаш спремен за шега и игра со своите деца и прави се што може за да им го разубави детството на еден посебен начин. Таткото на две деца, Кени Дус од белгискиот Антверп, е еден од нив.

Кога и да ги чува децата, неговата сопруга му испраќа порака за да го праша дали е се во ред и да праша што прават тројцата...

Но, еден ден Кени дошол до идеја: започнал со фотошопирање на одговорите на таквите прашања, па ѝ испраќал пораки на сопругата во вид на фотографии на кои тој и малечкиот Алекс биле во разни „опасни“, авантуристички и комични ситуации.

На една од фотографиите, Кени го држи својот втор син, Астер, во прегратки додека пие врело кафе кое се слева по чашата...

На друга фотографија, тој и Алекс го бојадисуваат станот, додека малечкото седи качено на скала...

Од првата ваква објавена фотографија, таткото на Инстаграм добил речиси 345 илјади обожаватели кои со нетпрение ги исчекуваат неговите ремек-дела.

Алекс на фотографиите подоцна започнал да го „вметнува“ и другиот син Астер, кој е роден оваа година.

Кени вели дека за повеќето фотографии му е потребно повеќе време бидејќи сака тие да изгледаат реално.



Спонзорирани линкови

Маркетинг