(Видео) Дали Баз Олдрин го видел ова на Месечината во 1969 година? Неверојатна сцена низ визирот на астронаутот

Точка

26/07/2021

18:13

6.039

Големина на фонт

а а а

Уметникот Мајкл Ренџер направил панорамска снимка (360 степени) од површината на Месечината за да прикаже што Баз Олдрин видел на Месечината во 1969 година.

Снимката била објавена на „Reddit“, а истата привлекла големо внимание поради тоа што првпат прикажува сцена од перспектива на познатиот астронаут.

Американската вселенска агенција има колекција од 9.200 фотографии со висока резолуција (Project Apollo Archive), но ниту една од нив не овозможува вакво доживување.

Мал чекор за човекот...

Особено интересно е како Ренџер го реализирал овој уметнички проект. Тој го искористил одразот од визирот на Баз Олдрин и го претворил во панорамска снимка.

Како што е познато, оригиналната фотографија ја направил Нил Армстронг, не многу долго по изговарањето на популарната реченица: „Ова е мал чекор за човекот, но голем за човештвото“.

Постојат многу снимки од површината на Земјиниот сателит, но сите тие го прикажуваат Олдрин.




Спонзорирани линкови

Маркетинг