Да не беше страшно, ќе беше смешно: 14-годишник го пријавил татка си во полиција - ги шокирал со она што им го кажал

Точка

25/07/2021

18:23

18.731

Големина на фонт

а а а

Кинеските медиуми неодамна известиле за случајот со 14-годишното момче кое ја шокирало полицијата кога го обвинил татка си за 'илегална детска работа', бидејќи бил присилен да ги извршува домашните работи.

Бизарниот инцидент наводно се случил оваа недела во кинеската провинција Анхуи.

Наводно на таткото му здодеало што неговиот син цел ден и ноќ поминува 'залепен' за мобилниот телефон, па му рекол да изврши некои домашни работи.

Бесен што татко му го натерал да се одвои од телефонот, тинејџерот излегол од домот и отишол во полиција, каде татка си го обвинил за 'илегална детска работа', пренесува „Oddity Central“.

Дежурните полицајци не разбрале што се случува, па го однеле до дома. Таткото на полицијата ѝ објаснил што се случува, а според кинескиот закон, домашните обврски не спаѓаат во 'илегална работа', па таткото бил ослободен.

Полицијата, која била шокирана дека детето го пријавило таткото за такво нешто, му предложила да му го одземе телефонот, на што детето искоментирало: „Навистина мислите дека имам само еден телефон? Колку сте наивни“.

Бизарниот случај станал вирален на социјалните мрежи, каде многумина ги посоветувале родителите на направат сериозен разговор со детето пред ситуацијата да излезе од контрола.




Спонзорирани линкови

Маркетинг