Испливаа папарацо фотографии од Анџелина и децата: Сите гледаат во нејзината и ќерката на Бред, која се подготвува за промена на полот

Точка

25/07/2021

16:34

11.856

Големина на фонт

а а а

Папараците ја фотографирале Анџелина Џоли во Париз, а убавата актерка на ова патување била во друштво на своите деца.

Со неа биле сите освен Вивиен и Медокс, а најголемо внимание привлекол Џон, кој до неодамна бил девојче - Шајло.


Џон веќе е во фаза на промена на полот, поточно, полека се подготвува за операција. Анџелина и Бред за ова зборувале уште додека детето било мало.

За потсетување, Бред за Шајло, односно Џон, првпат проговорил кај Опра Винфри во 2008-ма година и тогаш открил дека ја нарекуваат со машки имиња, додека Анџелина на истата тема коментирала две години подоцна и рекла дека сè почнало кога Џон имал три години.

„Таа сака да биде машко, па ѝ ја скративме косата. Сака да носи машка облека и мисли дека е една од браќата“, рекла своевремено Анџелина, која во целост ја поддржала нејзината одлука од самиот почеток.


Кога Шајло имала 5 години, Бред во емисија кај Опра раскажал дека неговата мала ќерка сака да се облекува во машка облека и да игра 'машки игри'.

Пит тогаш открил дека Шајло бара од нив да ја викаат Џек или Питер, меѓутоа на крајот го променил името во Џон. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг