Нов златен пар: Девојката на Алекс Родригез е планетарно популарната старлета?

Точка

24/07/2021

19:44

9.560

Големина на фонт

а а а

Џенифер Лопез и Бен Афлек, 17 години од раскинувањето решиле на својата љубов да ѝ дадат втора шанса.

Пред неколку недели како бомба одекна веста дека некогашните свршеници тајно се гледаат, а папарацо фотографиите на кои се среќни и заљубени не престануваат да се шират на социјалните мрежи.

Сето ова говори дека љубовната врска со Алекс Родригез дефинитивно завршила и дека секој тргнал по свој пат.


Поранешниот вереник на Џеј Ло продолжил со својот живот и, како што пренесува „Mirror“, тој започнал нова врска со ни помалки ни повеќе туку - најпопуларната старлета и ријалити ѕвезда, Ким Кардашијан.

Странските медиуми пишуваат дека се појавиле шпекулации дека Алекс и Ким со месеци се во контакт и дека флертуваат, а дека токму Крис Џенер е таа која ги поддржува и ги убедува да го направат следниот чекор.


„Ким би можела да биде новата девојка на Алекс Родригез и така би станале нов американски златен пар“, им рекла наводно Крис на пријателите на Родригез.

„Ким не е тип на кој Алекс би 'паднал', но по секоја цена се обидува да најде некој со кој би можел да им контрира на Џеј Ло и Афлек. Одлично е и тоа што Ким е помлада од Џеј Ло, а Алекс е импресиониран што се обидува да стане адвокат“, потврдил извор близок на Родригез.

„Секојдневно зборуваат и тоа баш доста. Уште е рано, но како што поминува време, изгледа дека се совршени еден за друг. Крис Џенер е упорна, не се откажува и ја притиска Ким да му даде шанса“, наведува странскиот магазин.




Спонзорирани линкови

Маркетинг