Меган Фокс го краси новото издание на модниот магазин "Basic"

Точка

23/07/2021

18:00

9.881

Големина на фонт

а а а

Холивудската глумица, Меган Фокс позираше за новата насловна страница на модниот магазин "Basic".

Таа носи градник во облик на срце од модниот бренд Паскал и Гуд Американ фармерки. На иснтаграм профилот се пофали со насловната и објави уште неколку фотографии од снимањето.

Во неодамнешно интервју за WhoWhatWear зборуваше за својот стил на облекување и откри дека во почетоците на нејзината кариера ѝ наредувале да не се облекува многу провокативно.

"На премиерата на филмот "Juno" во 2007 година требаше да разговарам со режисерот Диабло Коди кој тогаш планираше да работи на филмот "Jenifer's Body". Менаџерите сакаа да изгледам токму онака како што ме замислуваа. Таа облека не ми се допаѓаше. Им замерувам на луѓето кои ми кажуваа како да се облекувам и однесувам", рекла таа.

Токму улогата во филмот "Jenifer's Body" ѝ донесе огромна слава на Меган.



Спонзорирани линкови

Маркетинг