Маж на плажа протестирал против бикини: Оваа девојка му упатила брутални зборови, сега сите се шегуваат на негова сметка

Точка

22/07/2021

22:19

7.432

Големина на фонт

а а а

ТикТокерката Кејти Симонс неодамна се пресметала со маж кој по плажите на Флорида парадирал со транспарент „Бог вели дека христијанките треба да се облекуваат скромно“, а нејзиното видео станало вирален хит.

Капачката му се обратила на контроверзниот проповедник и му поставила очигледно прашање - дали треба жените да се покриваат и на плажа?

„Господине, ова е плажа. Зарем треба скромно да се облекуваме на плажа?“, го прашала Симонс, на која многу ѝ бил забавен изборот на локација за овој осамен протест.


Токму кога човекот почнал да ѝ го објаснува својот став, ТикТокерката го прекинала со друго прашање: „Што ако Бог не постои?“.

Видеото е прегледано повеќе од 650.000 пати, а многумина го искористиле своето познавање на Библијата за да укажат на тоа дека човекот бил прилично лицемерен.

„Бог вели дека христијаните не гледаат похотливо кон жените. Матеј 18:9 - „Ако твоето око те натера да грешиш, ископај го и фрли го!“, „Библиската скромност не е да се покрие женското тело, туку да не покажете дека сте богати носејќи куп накит“, порачале ТикТок корисниците.

Други се убедени дека мажот парадирал со знакот низ плажата за да има прилика да ги гледа жените, а ним да не им биде толку непријатно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг