Обвинителството бара притвор за Рашковски, судот отфрла: „Нема основи за да се врати во ефективен притвор“

Точка

22/07/2021

22:00

3.085

Големина на фонт

а а а

Рашковски заврши во притвор на 21-ви април годинава. Во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари остана околу месец и половина откако на 4-ти јуни, со одлука на Апелација, мерката ефективен притвор му беше заменета со куќен.

Драги Рашковски разговарал со други осомничени во истрагата за набавка на софтверот за сообраќајни прекршоци, тврдело обвинителството и барало повторно притвор за поранешниот генерален секретар на владата.

Тројца судии, чии имиња не ги открива Основниот кривичен суд Скопје, вчера одбиле да го вратат во притвор во Шутка поранешниот генерален секретар во Владата, Драги Рашковски, објави порталот „Сакам да кажам“.

Од судот истото го потврдиле и за „Телма“, од каде велат дека немало основи за Рашковски да се врати во ефективен притвор.

И понатаму ќе остане мерката домашен притвор и забрана за комуникација со останатите осомничени во неговиот случај.

Тој е осомничен дека како генерален секретар за околу 81.000 евра купил софтвер за автоматско казнување на сообраќајни прекршоци, кој ниту некој му го барал, ниту, пак, некој го користи. Како што објави „360 степени“ во серијата стории, станува збор за софтвер кој многу наликува на патент кој Рашковски како иноватор го регистрирал во Државниот завод за индустриска сопственост.




Спонзорирани линкови

Маркетинг