Малкумина знаат дека Ноле пред Јелена бил заљубен во неа: Вака изгледа српската Џеј Ло - позната е и заработува вртоглави суми!

Точка

22/07/2021

21:43

8.774

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ моментално е на Олимписките игри, каде е еден од најпопуларните во селото и учесниците постојано го тераат да се фотографира со нив.

Пред заминувањето во Токио поминал повеќе време со семејството кое е во Црна Гора.

Меѓутоа, во јавноста повторно се појави приказна од минатото на Ѓоковиќ. Новак се венчал со долгогодишната девојка Јелена Ристиќ, но малку е познато дека пред неа бил во емотивна врска со една атрактивна дама.

Сега Ѓоковиќ е семеен човек, има син и ќерка, а во младоста бил поврзуван со многу убавици. Една од оние кои успеале да го освојат неговото срце е Лидија Поповиќ.

Таа романса била пред српскиот тенисер да стане планетарно популарен и најдобар во светот во овој спорт, а кариерата на Новак ѝ пресудила на љубовта.

Кратко по раскинувањето со Лидија, Новак ја започнал врската со Јелена, која денес му е сопруга. Меѓутоа, и Лидија Поповиќ денес е дел од јавната сцена.

Таа е познат ди-џеј, настапува под името Лејди Ли и на Инстаграм има повеќе од 103.000 следбеници.

Пред две години Лејди Ли имала повеќе од 80 странски настапи, најмногу во Азија, а од еден настап наводно заработува и до 30.000 евра. Лидија Поповиќ ја нарекуваат 'српската Џеј Ло', а во едно интервју открила каква била врската со Ѓоковиќ.

„Додека бевме во врска, Ноле постојано беше внимателен и насмеан, но тоа беше кога немаше обврски какви што има денес. Сега носи голем терет на себе, како познат маж во светот на спортот. Секако дека Ноле не е 'папучар'... Тој е џентлменски настроен, барем таков беше кога бевме заедно“, рекла Лидија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг