Пет позитивни македонски туристи меѓу вратените од Грција, д-р Ирина Сотирова Бухова: „Бројката може да биде променета“

Точка

22/07/2021

20:35

4.191

Големина на фонт

а а а

Автобус со туристи од Република Грција е во изолација, откако истиот на 20 јули пристигнал во Македонија.

Според информации на „ТВ24“ во автобусот имало 26 патници од кои пет биле позитивни на коронавирусот, а шестиот ќе биде тестиран во текот на утрешниот ден.

Засега 13 лица се во изолација, но сè уште трае проверката на нивните контакти во Македонија.

Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за „ТВ24“ изјавиле дека во тек е епидемиолошката анкета на контактите.

„ТВ24“ контактирале и со туристичката агенција која го организирала тоа патување, а оттаму изјавиле дека се почитувале сите протоколи и дека капацитетот на автобусите иако е 100 отсто, од нивната агенција превезувале само 50 отсто од капацитетот.

„Вратени се во завчерашниот ден. До овој момент решение за позитивни лица, упатени на домашно лекување имаме за 5 позитивни, 13 решенија врз основа на контакти. Епидемиолошката анкета која ја водат епидемиолозите од Центарот за јавно здравје е сè уште во тек и оваа бројка може да биде променета“, изјави денеска д-р Ирина Сотирова Бухова од Државниот здравствен и санитарен инспекторат по повод македонскиот автобус со млади лица кој се вратил од одмор во Грција.

Извор: „ТВ24“



Спонзорирани линкови

Маркетинг