Мирни места за летување во Хрватска: Топ 5 локации за вистински одмор и уживање

Точка

22/07/2021

21:00

12.936

Големина на фонт

а а а

Доколку сакате мирни места каде може да се одморите и да заборавите на вашите обврски, тогаш погледнете ги овие во Хрватска.

Додека некои сакаат активен одмор и не им пречи метежот, многу од луѓето избираат помирни места за одмор.

Доколку и вие сакате помирни места, тогаш треба да ги разгледате овие места во Хрватска.

1. Зларин

Ова далматинско гратче со камени куќички и тесни улички е најголемото место на островот. Прекрасните плажи и морето го прават да биде и едно од најпопуларните места во Хрватска. Површината на островот е 8 квадратни километри.

Таму нема автомобили, луѓето секаде одат пешки со велосипед или пак електричен тротинет. Зларин е полн со зеленило и природни убавини.

2. Приможен

Ова е едно од најфотогеничните гратчиња на крајбрежјето, па доколку се упатите таму има многу места кои треба да ги посетите. Доколку сепак сакате малку забава, тогаш треба да го посетите тамошниот клуб кој воедно е и еден од најпопуларните на крајбрежјето.

3. Фажана

Во ова шармантно рибарско место може да се опуштите. Таму има долги песочни плажи, мирна атмосфера, прекрасни цркви и Национален парк. Од позначајните градби се издвојува значењето на црквата на Свети Козма и Дамјан чија камбана доминира во целото место. Тоа е црква со барокни елементи посветена на двајцата христијански маченици прогонати за време на владеењето на царот Диоклецијан.

4. Дуги Оток

Најубавиот остров во задарскиот архипелаг до кој може да стигнете со траект од Задар, а каде се шири мирисот на борови, смокви и маслинки. Тоа е совршеното место за опуштање и уживање.

5. Нин

Географски и културно, Нин нуди многу работи со оглед на својата големина. Гратчето кое е сместено на 16 километри од Задар било седиште на кралевите и надбискупите, а денес има мноштво песочни плажи кои луѓето ги обожуваат и на кои може да се пронајде мирот.

Во Нин ќе ја видите и најмалата катедрала во светот, црквата Свети Никола, а на тамошната плажа има и лековита кал во која луѓето се капат, но исто така може да го посетите и Музејот на солта.




Спонзорирани линкови

Маркетинг