На ужасот во Германија изгледа му нема крај: Метеоролозите предвидуваат обилни врнежи во поплавените делови на земјата

Точка

22/07/2021

20:05

3.750

Големина на фонт

а а а

Националната метеоролошка служба на Германија денеска прогнозирала дека во регионите погодени од разорните поплави овој викенд би можело повторно да има обилни дождови.

Метеоролозите најавиле локални непогоди од сабота попладне, кои подоцна се ширеле на големите делови од германската покраина Рајнланд-Платинат, најтешко погодени од поплавите, јавува "AP".


Службениците во меѓувреме соопштиле дека билансот на жртви во поплавите во таа западна покраина пораснал на 125.


Ширум Германија во поплавите животот го загубиле најмалку 174 луѓе, додека во соседна Белгија настрадало 31 лице.


Германските власти изградиле огромен камп за спасувачките екипи на стадионот Нирнбургринг. Повеќе од 4.500 пожарникари, војници и припадници на цивилната одбрана се ангажирани во расчистување на последиците од поплавите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг