Џеф Безос ќе ги награди соработниците со 100 милиони долари

Точка

21/07/2021

21:24

3.575

Големина на фонт

а а а

Џеф Безос, најбогатиот човек на светот, изјави дека планира да им исплати 100 милиони долари на соработникот од Си Ен Ен, Ван Џонс и шпанскиот кувар Хозе Андрес. Тој им порача дека со парите можат да прават што сакаат.

"Можат да ги дадат парите во добротворни цели. Можат да ги поделат. Сѐ зависи од нив", рекол Безос откако се вратил од вселената.

Како што изјавил, парите се поврзани со филантропската иницијатива "Награда за храброст и човечко однесување". Укажал на тоа дека оваа награда е признание за оние кои "демонстрирале храброст" и кои се обиделе да го обединат поделениот свет.


"Потребни нѝ се оние кои нѐ обединуваат, а не оние кои нѐ посрамотуваат. Потребен е цврст став и луѓе кои се упорни во остварување на своите соништа и кои веруваат во нив. За жал, живееме во свет каде тоа е реткост. Но, имаме примери", рекол Безос.

"Навистина го ценам ова", изјавил Џонс, додека куварот Андрес, кој е познат по тоа што им дава храна на посиромашните ширум светот истакнал дека оваа награда е ново поглавје за сите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг