Влада: Личната употреба на канабисот не е кривично дело

Нетпрес

21/07/2021

21:00

3.182

Големина на фонт

а а а

Сегашните одредби од Кривичниот законик (КЗ) предвидуваат дека кривично дело е пуштањето во промет и продажбата на канабис и на другите опојни дроги, појаснуваат од Владата.

– Личната рекреативна употреба на канабисот и денес не е кривично дело, но праксата покажува дека на терен постојат нејаснотии или злоупотреби и имаме ситуации кога лица кои користат канабис за лична употреба се теретат за наводна намера за продажба, брифираат од Влада.

Од Владата очекуваат во измените на КЗ, кои се во тек, експлицитно да се потврди со јасна формулација дека личната употреба не е кривично дело, односно дека во затвор не може да оди оној кој за лична рекреативна или медицинска употреба консумира канабис.

Ќе биде потребно и дефинирање на терминот лична употреба, за што се бараат правни и нормативни решенија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг