Драматична снимка од Кина: Група луѓе се обидува да спаси жена која се бори за живот

Точка

21/07/2021

13:22

4.297

Големина на фонт

а а а

Страшните поплави направиле хаос во областа Ченгду, во централна Кина, од каде не престануваат да доаѓаат драматични снимки.

Повеќе од 200.000 луѓе се евакуирани, а најмалку 12 лица загинале во поплавите во централна Кина.

На снимките кои кружат на социјалните мрежи може да се види жена која брзата вода ја носела додека одвај се борела да ја задржи главата над водата, а група луѓе и додале јаже и успеале да ја спасат.

На снимките може да се видат и патници заробени во поплавено метро, а нивото на водата им е до рамениците. Многу од нив се качиле на седиштата за да бидат над нивото на водата.

Поплавите погодиле десетина градови во провинцијата Хенан.

Претседателот Кси Џингпинг денеска изјавил дека "ситуацијата е тешка и критична".

Додал дека поплавите веќе довеле до загуба на човечки животи и материјална штета и им наредил на сите надлежни служби да го заштитат населението и имотите, наведува "Sinhua".

Во провинцијата Хенан живеат околу 94 милиони луѓе, а локалните власти издале предупредување за непогоди.

Се наведува дека ова се поплави кои се случуваат "еднаш во 100 години".

Многу фактори довеле до поплави, а глобалното затоплување предизвикано од климатските промени е еден од нив.



Спонзорирани линкови

Маркетинг