Македонскиот модел Елена Реи во соработка со познатата дизајнерка Моник Лулие

Fashionel.mk

20/07/2021

14:41

2.744

Големина на фонт

а а а

Пред само два дена нашиот топ модел Елена Реи беше ангажирана да слика каталог за познатата американска дизајнерка Моник Лулие.

Иако e препознатлива по нејзините раскошни венчаници, оваа американска дизајнерка со филипинско потекло исто така дизајнира свечени тоалети и ready-to-wear колекции.


Нашата Реи беше ангажирана два дена да слика каталог и видео на езерото Комо во Италија, местото каде се одвиваше сликањето за едиторијал венчаници за „Harper's Bazaar“ за сите позначајни модни брендови.


„По завршувањето на снимањето во Италија, Елена се врати во Дерми ( Албанија ) за да го продолжи својот летен одмор. Дизајнерката низ годините се потруди да облече голем број дами за свечени настани и престижни фестивали како Мишел Обама, Гвинет Потроу, Џенифер Лопез, Тејлор Свифт, Меланиа Трамп... Секако ова беше вистински камбек за нашиот топ модел заради наметнатата пауза предизвикана од епидемијата на Ковид 19“ вели Алек Наумовски од „Моделс Ин Менаџмент“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг