Папараците ја „фатиле“ Шер на одмор во Италија: Кој би рекол дека оваа дива има 75 години?

Точка

20/07/2021

10:56

4.514

Големина на фонт

а а а

Светската дива Шер била забележана како ужива во коктели со своите пријатели во еден ексклузивен ресторан во Италија.

Славната пејачка изгледала спектакуларно во црни хеланки и бомбер јакна, а кој би рекол дека оваа дама има 75 години? Не е тајна дека таа има направено неколку естетски зафати за да го зачува својот младешки изглед, но води грижа за своето здравје и изглед.


Шер посетува теретана и до 5 пати неделно, а има и личен тренер. Своевремено открила дека вежба двојно повеќе за разлика од годините кога била млада, а покрај теретана, таа сурфа, ужива во прошетките и игра тенис.

„Се „убивам“ од вежбање во теретана за да имам вакво тело. Не е дека имам некоја неверојатна тајна која никој друг ја нема“, изјавила пејачката во една прилика.


Исто така, Шер не јаде црвено месо и месни преработки.

„Не сакам месо, така што повеќето работи кои ги јадам се здрави, освен десертите. Се трудам да избегнувам храна со висока содржина на масти бидејќи ме прави да се чувствувам млитаво. Еден период живеев на сладок печен компир и Цезар салата. Избегнувам да јадам сирење бидејќи тешко се вари“, вели дивата.

Оваа поп икона додала дека на нејзиното мени редовно се наоѓаат интегралниот ориз, мешунките и тестенините. Таа избегнува алкохол и цигари и вели дека пие само 3 до 4 пати годишно.


„Не можете да наполните 40 години и да мислите дека Бог, владата или било кој друг ќе се грижи за вашето тело. Вие сте единствената личност задолжена за своето здравје и своето тело“, истакнала пејачката.


Секако, тука е и активната и секојдневна нега на кожата - Шер вели дека комбинира различни производи од неколку произведувачи, а веќе 30 години користи Ретин-А, но предупредува дека е неопходно да се користи под надзор на дерматолог.



Спонзорирани линкови

Маркетинг