ДСКС ќе го оспори пред Уставен законот за автопатите зошто остава простор за корупција - Владата има „план Б“

Точка

19/07/2021

17:50

4.235

Големина на фонт

а а а

Во понеделник Антикорупциска пред Уставните судии ќе ја достави Иницијативата со која го оспорува специјалниот Закон за изградба без тендер на автопатите од Коридорите 8 и 10.

Тие исто така ќе бараат и времена мерка, да се стопира примената на законот кој е веќе објавен во Службен весник, сè додека судот не донесе одлука.

Во него тие виделе и висок ризик од корупција и судир на интереси, но исто така кажаа и дека е противуставен и дека е правен преседан бидејќи за стратешки партнер кој го одбрал Владата - конзорциумот Бехтел и Енка нема да важи домашното законодавство, пресува „Телма“.

„Веднаш по стапување на сила на законот, Антикорупциска ќе ја достави иницијативата до Уставен суд. Имајќи предвид дека законот е објавен во Службен весник на 16 јули значи дека по 8 дена како што пишува во крајните одредби ќе стапи во сила, тоа е некаде околу 24 јули, а 24 јули е сабота, што значи дека ние во понеделник ќе ја доставиме Иницијативата. Така што она што го споменавме на пресот, ги кажавме одредбите коишто за нас се спорни ќе бидат содржани нормално и во иницијативата“, изјави Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК.

Ниту претседателот Пендаровски, ниту пратениците не ги послушале апелите на Антикорупциска, едните да не го донесат, а претседателот да не го потпише Указот.

Пратениците експресно го изгласаа во Собрание, а претседателот без да го чуе мислењето на Антикорупциска веднаш го потпишал.

Владата по секоја цена е решена да ги гради автопатите.


Министерот Бочварски вели дека имаат и план „Б“ доколку законот биде оспорен пред Уставен. Детали не откриваат, но вели дека ќе постапуваат по него кога тој ќе стапи на сила.

„Ние како влада секако имаме разработено варијанти за отпочнување и изградба на Коридорот 8 и Коридорот 10Д, така што нашиот приоритет нашата клучна цел е да имаме модерни и безбедни патишта. Секако дека ние доколку овој закон стапи на сила, а имаме најави дека веќе ќе биде потпишан од Претседателот на државата, ние ќе постапуваме по него, но секој којшто смета дека треба да започне некоја инцијатива може да го направи тоа зашто ова е демократска држава“, изјавил Бочварски.

Извор: „Teлма“



Спонзорирани линкови

Маркетинг