"Очекувате луѓе да умираат во сиромашни земји, а не тука": Луѓето се враќаат во домовите да ги проверат размерите на трагедијата

Точка

19/07/2021

12:35

6.374

Големина на фонт

а а а

Некои Германци се вратиле во своите домови за да видат што останало од нив, додека и натаму се трага по луѓето кои исчезнале во поплавите.

Додека Германија жали по катастрофалните поплави кои ја погодиле земјата, почнале операциите за чистење. Луѓето се враќаат во своите домови за да ги проверат размерите на трагедијата и да видат дали останало нешто од нив, додека многумина и натаму се шокирани и велат дека не очекувале луѓето да умираат во поплави во Германија.

Според последните информации, повеќе од 150 луѓе загинале ширум западна Германија, додека бројни жртви се пријавени и во други европски држави.

Поплавите оставиле илјадници луѓе без кров над главата, а се стравува дека чистењето на погодените подрачја ќе открие нови жртви.

Некои Германци се вратиле во своите домови за да видат што останало од нив, додека и натаму се трага по луѓето кои исчезнале во поплавите.


"Загинаа толку многу луѓе. Не очекувате луѓе да умрат во поплави во Германија. Тоа можеби го очекувате во посиромашните држави, но не и тука", рекла една Германка за "DW" по поплавите.

Како што рекла, се се случило многу брзо.


Во поплавите луѓето останале без домовите, но и без компаниите и работните места...се што им носело заработка и се од што живееле.

"Мислам дека ќе ни бидат потребни месци, години, да вратиме се како што беше", рекол еден Германец.




Спонзорирани линкови

Маркетинг