(18+) Три голи Украинки се разладувале со пожарникарско црево на Јадранска магистрала, казнети по 450 евра

Точка

09/07/2021

14:00

29.015

Големина на фонт

а а а

Оние кои вчера поминувале по Јадранската магистрала кај Котор останале изненадени од трите голи девојки кои се полевале со вода среде патот.

Сообраќајот бил накратко прекинат додека три украински државјанки - Д.О. (19), В.Р. (21) и Р.К. (21), се полевале со ладна вода од противпожарно возило. Иако температурата била висока, таа се зголемила уште повеќе кај оние кои застанале и успеале да ја овековечат оваа необична глетка, која досега беше претежно резервирана за грчките острови или за шпанска Ибица.

Видеата од ваквата сцена со брзина на светлината завршија на социјалните мрежи, а како што пишуваат црногорските медиуми, Украинките добиле казна во износ од 450 евра поради тоа што се „соблекле голи и позирале на асфалтниот пат, правејќи снимки и фотографии во траење од 10 минути“.

„Тие се должни да ги платат парите непосредно пред одлуката на Буџетот на Црна Гора да стане конечна. Обвинетите можат да платат две третини од изречената парична казна и тоа доколку тие и полициската управа се одречат од правото на жалба и во тој случај ќе се смета дека казната е платена во целост“, стои во пресудата.

Наводно, цистерната била испратена за да го измие патот за претстојната трка, а како дамите ги грабнале цистерните и водата, останува да претпоставуваме и да смислуваме разни теории, кои во секој случај се бесмислени во овој уникатен поглед.




Спонзорирани линкови

Маркетинг