Таткото на Скопје, Петре Шилегов, е првиот политичар во нашата забавна рубрика „Дали сте знаеле дека“, во која откриваме непознати факти за приватниот живот на познатите личности во Македонија.
Епизода 12 му ја посветуваме на Шилегов, кој без проблем се согласи да биде дел од забавниот дел на Точка.
Честопати мислиме дека за политичарите знаеме сè, дека нивниот живот нѝ е сервиран на тацна, но, сепак, кога малку повеќе ќе се нурне во нивната приватност, во случајов, во приватноста на Петре, доаѓаме до заклучок дека за него веројатно многу малку знаеме.
Петре има син и ќерка, а во „Дали сте знаеле дека“ открива два интересни факти - едниот посветен на ќерката, другиот на синот.
Ја споменува и својата сопруга, кога открива колку децении се во љубов - бројка што никако не може да остане незабележана, еден сериозен јубилеј кој секој пар би сакал да го доживее.
Дали сте знаеле дека Градоначалникот на Скопје е навивач на Барселона и неколкупати бил во Камп Ноу, дека е страствен фан на рок музиката, во еден период дека и самиот свирел на гитара...?
Петре Шилегов на денешното Точка ТВ 'мени'.
Автор: Цеце Николова
Монтажа: Ненад Смиљковиќ
Во продолжение детален преглед на претходните 11 епизоди на „Дали сте знаеле дека“.
ЕПИЗОДА 1: „Дали сте знаеле дека“ - со Димитар Атанасовски
ЕПИЗОДА 3: „Дали сте знаеле дека“ - со Тијана Скулиќ: „Возам кола скришно 15 години, среќа што...“
ЕПИЗОДА 4: „Дали сте знаеле дека“ - со Дани Димитровска: „На 8 години пелтечев, бидејќи не можев да кажам Р“
ЕПИЗОДА 8: „Дали сте знаеле дека“ - со Дарко Влогс: „Двапати се обидов да се самоубијам“
ЕПИЗОДА 11: „Дали сте знаеле дека“ - со Ана Бунтеска: „На симпатијата од пуста трема му се претставив како Маја“