Пристигна првата пратка со 250 илјади вакцини на „Синовак“: Што вели СЗО за оваа вакцина?

Точка

27/06/2021

11:14

5.528

Големина на фонт

а а а

Утрово на Меѓународниот аеродром Скопје стаса првата пратка со 250 илјади вакцини против Ковид-19 на кинеската „Синовак“.

Како што објави министерот Венко Филипче, попладневно ќе стигне и вториот авион, со што ќе ги добиеме сите 500.000 дози од овој кинески производител.

„Оваа вакцина е одобрена од СЗО, ефикасна и целосно безбедна за користење. Високо ефикасна е за превенција на тешка болест. Препорачана за употреба кај бремени жени кога придобивките од вакцинацијата за бремената жена се поголеми од потенцијалните ризици, како и кај доилки“, напиша на својот фејсбук профил Филипче.

Првиот авион од вкупната пратка од 500.000 дози вакцини, што ги купивме од производителот Синовак слета утрово на...

Posted by Венко Филипче on Недела, 27 јуни 2021

Еве ги официјалните карактеристики на вакцината Синовак објавени од СЗО:

- Инактивиран САРС-Ков2 вирус

- Потребни се две дози, втората доза од 14-28 дена по првата доза

- Високо ефикасна за превенција на тешка болест

- Се дава мускулно во рамо

- Препорачана за употреба кај бремени жени кога придобивките од вакцинацијата за бремената жена се поголеми од потенцијалните ризици

- Препорачана за употреба кај доилки како и кај други возрасни лица

Светската здравствена организација (СЗО) на 1-ви јуни ја одобри кинеската вакцина „Синовак“ за итна употреба, што е сигнал до националните регулатори дека и оваа втора кинеска вакцина е безбедна за употреба.

Исто така, овој потег дава можност оваа вакцина да биде вклучена во програмата Ковакс, за дистрибуција на вакцини во сиромашните земји.

Од седиштето на СЗО во Женева објавија дека се завршени сите проверки и инспекции на вакцината „Синовак“, вклучително и оние спроведени во погоните каде што се произведува.

Во соопштението на СЗО се наведени резултатите од истражувањето поврзано со вакцината „Синовак“, која според овие податоци спречува 51 процент од појава на симптоматски болести и обезбедува стопроцентна заштита од потешки форми на заболување и хоспитализација.

СЗО понатаму наведува дека вакцината „Синовак“ е неактивна, лесна за чување и како таква лесно достапна.

Советничката група САГЕ, која дава совети на СЗО за употреба на вакцини, исто така објави дека се извршени сите истражувања поврзани со вакцината „Синовак“ и дека се советува да се имунизираат сите возрасни со две дози на растојание од две и четири недели.

СЗО не препорача горна граница за употреба на вакцината.




Спонзорирани линкови

Маркетинг