Филипче: Утре пристигнуваат 500.000 дози „Синовак“, вакцина ефикасна и одобрена од СЗО

Макфакс

26/06/2021

19:51

1.789

Големина на фонт

а а а

Министерот за здравство, Венко Филипче, преку социјалните мрежи потврди дека утре во земјава ќе пристигнат половина милион дози од вакцината на производителот „Синовак“.

Тој нагласува дека оваа вакцина е одобрена од СЗО, ефикасна и целосно безбедна за користење.

Утре пристигаат 500.000 дози вакцини од производителот „Синовак“. Оваа вакцина е одобрена од СЗО, ефикасна и целосно...

Posted by Венко Филипче on Saturday, June 26, 2021

Во продолжение на објавата, Филипче ги наведува официјалните карактеристики на вакцината „Синовак“, објавени од СЗО:

– Инактивиран САРС-Ков2 вирус;

– Потребни се две дози, втората доза од 14-28 дена по првата доза;

– Високо ефикасна за превенција на тешка болест;

– Се дава мускулно во рамо;

– Препорачана за употреба кај бремени жени кога придобивките од вакцинацијата за бремената жена се поголеми од потенцијалните ризици;

– Препорачана за употреба кај доилки како и кај други возрасни лица

Министерот за здравство вчера најави дека во текот на следните денови вакцинацијата ќе се одвива со забрзано темпо и оти ќе бидат вакцинирани сите пријавени граѓани преку сајтот vakcinacija.mk.



Спонзорирани линкови

Маркетинг