Филипче: До 15-ти јули сите пријавени ќе добијат термин за вакцинација

Точка

25/06/2021

13:14

1.263

Големина на фонт

а а а

Приоритет во добивањето на термин за имунизација ќе имаат повозрасните луѓе.

Во рок од две недели, почнувајќи од понеделник, сите граѓани што се пријавиле за вакцинација ќе добијат термин, вели министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот додал дека приоритет во добивањето на термин ќе имаат повозрасните луѓе.

"Без разлика кога се пријавиле, почнувајќи од понеделник, според системот највозрасни, па помлади граѓани, сите ќе добијат термин за вакцинација во наредните две недели", рекол Филипче во одговор на новинарско прашање.

Во наредниот период ќе пристигнат 600.000 вакцини

Денеска попладне ќе пристигнат 100.000 дози од вакцината "Фајзер", а наредните денови и 500.000 од кинеската "Синовак".

Кога ќе се вакцинираат сите пријавени, пунктовите за вакцинација ќе останат отворени за да се вакцинираат сите што сакаат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг