Пандев доби место меѓу најдобрите единаесет за групната фаза за ЕП

Дерби

25/06/2021

11:27

1.224

Големина на фонт

а а а

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев доби место во тимот кој ја одбележа првата фаза на Европското првенство.

Капитенот на нашиот национален тим се најде во единаесетката на изборот на холандскиот медиум „НОС Спорт“ (NOS Sport). Холанѓаните го посочуваат фактот дека Горан за прв пат ја однесе Македонија на големите шампионати каде и го даде првиот гол во мечот со Австрија.

Воедно се кажува дека Гоче покажал дел од својата магија против „лалињата“, но и дека на фантастичен начин со шпалир и аплаузи бил испратен во последниот натпревар на „Јохан Кројф Арена“.

Овој избран тим не е базиран само на фудбалските квалитети туку и за потезите, акциите на и надвор од теренот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг